in

Nuggets се последната препрека на Lakers до финалето во NBA

Nuggets вечерва се сретнуваат со Lakers во финалето на западната конференција. LA Lakers на почетокот на плејофот без многу мака ги победија Portland Trailblazers и истото го повторија во втората рунда против Houston Rockets.

Додека Denver Nuggets се намачија за да стигнат до полуфиналето, откако губеа 1-3 во двете претходни рунди, но благодарение на одличните Jamal Murray и Nikola Jokic успеваа да победат во двата наврати. Овој млад тим на Denver претставува нов предизвик за искусниот LeBron James.

Првиот натпревар ќе се игра вечерва во 3 часот по полноќ. Дали LeBron ќе успее да се пласира во финалето по 10ти пат или пак момците од Денвер ќе бидат подобри? Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме за најмалку 4 натпревари во оваа серија.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote