in

Официјално: Нуно е наследникот на Мурињо на клупата на Тотенхем!

Долгата потрага за тренерската позиција на Тотенхем конечно заврши, откако Нуно Еспирито Сантос беше назначен како менаџер.

Нуно, којпто ги напушти Вулверхемптон на крајот на минатата сезона, е наследникот на Мируњо на клупата на тимот од Лондон. Тотенхем помина 72 дена без менаџер на клупата, откако Мурињо беше отпуштен пред финалето на Карабао купот.

Клубот беше поврзуван со многу кандидати во изминатиот период, но сега е јасно дека Нуно е нивниот нов тренер. Португалецот потпиша договор од две години и ќе остане на клупата на Тотенгем до 2023 година.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote