Популарната серија на Netflix “Chilling Adventures of Sabrina” конечно завршува на крајот на Декември оваа година. Серијата прв пат беше објавена во 2018, но беше откажана неодамна годинава. Сега беше потврдено дека фановите ќе можат да добијат уште една сезона од Sabrina пред серијата официјално да заврши.

Креаторот на серијата Roberto Aguirre-Sacasa објави на својот Instagram дека серијата се враќа за последен пат на 31ви Декември оваа година. На фановите им беше ветено дека ќе добијат „страшно, секси и натприродно“ финале и по сите изгледи така и ќе биде.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…