in

АТП го објави датумот на одржување на Австралија Опен!

Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП) го објави распоредот за првите седум недели во следната недела.

Според АТП новата сезона ќе започне на 5. јануари со турнирите од серијата 250 во Делреј Бич и во Анталија.

Тоа што беше најавувано сега е и официјално, квлаификациите за Австралија Опен нема да се играат во Мелбурн, туку тие ќе се одржат од 10. до 13. јануари во Доха.

Тениската сезона потоа продолжува во Мелбурн и Австралија. Од 31. јануари ќе се играат два турнири од серијата 250, а од 1. до 5. февруари ќе се одржи и АТП Купот.

Потврден е и датумот на стартот на првиот годинешен грен слем турнир, Австралија Опен, тој ќе започне на 8. февруари и ќе се игра до 21. февруари.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote