in

“Wonder Woman 1984” ќе дебитира на HBO Max!

Продолжението на Wonder Woman повторно ги спои режисерот Patty Jenkins и Gal Gadot. Нивниот прв блокбастер филм заработи неверојатни 828 милиони долари на бокс офисот. Пандемијата предизвика неколку пати да се променат плановите за премиера на најновиот филм на Wonder Woman, но сега се променија за последен пат.

Студиото Warner Bros изјави дека се откажува од традиционалните премиери во кино салите и наместо тоа “Wonder Woman 1984” ќе дебитира на HBO Max на 25ти Декември. Оргинално филмот требаше да искочи во Јуни, но од тогаш неколку пати беше одложуван како и многу филмови кој се планираа за оваа година.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote