in ,

Што?Што?

Нема веќе бесплатни пластични кеси

Од денеска (1.12.2021) во С. Македонија нема веќе бесплатни пластични кеси – стапува во сила обврската за наплата на кесите за носење стоки.

 

За да се намали пластичниот отпад и да се подигне свеста за заштита на животната средина, работите во трговијата се менуваат. Од денеска македонските трговци ќе смеат да продаваат само биоразградливи кеси, кои ќе чинат 15 денари за парче.

Целта на Законот за управување со пакување и отпад од пакување, според надлежното Министерство за животна средина, е „да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба“. Производителите на пластични кеси и натаму може да продолжат со работа, но, како што се нагласува, со почитување на стандардот за биоразградливост.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote