in ,

Што?Што?

Од денеска задолжително поседување на зимска опрема

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од денес (15 ноември) до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилото, велосипедот и запрежното возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски односно шумски работи.

МВР апелира до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така се овозможува непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote