in

Што?Што?

ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? Многу е важно од каде ја пиеме водата!

Со доаѓањето на повисоки температури, многумина повторно станаа свесни за важноста на хидратацијата. Но, како што открива новата анализа, консумирањето доволно течности е само еден дел од одржувањето на здравјето. Важно е да обрнете внимание на материјалите од кои се прават чашите или шишињата од кои пиете вода.

За многумина, најчесто е најлесно да извадат пластично шише вода од ладилникот, но освен што е штетно за околината, пластиката може да му наштети и на вашето тело.

За време на неговиот живот, едно лице внесува просечно 20 килограми пластика. Се разбира, веројатно никој не јаде пластика, барем не свесно.

Бидејќи микропластиката е составена од микрочестички во кои се распаѓаат пластичните производи, важно е да се знае дека оваа микропластика може да го најде патот до нашето тело најчесто преку храна што претходно била спакувана во пластична амбалажа.

Според информациите на Светската здравствена организација, пластичните шишиња со вода можат да содржат најмногу микропластика во однос на другите пијалоци.

Според неодамнешниот извештај на Харвард, Школата за јавно здравје во Чикаго и други медицински научни институции, исто така е откриено дека одредени хемикалии кои се наоѓаат во пластиката, како што се фталатите и бисфенолите А, можат да делуваат како токсини на телото и се поврзани со одредени карциноми.

Сепак, важно е да се нагласи дека е потребно многу повеќе истражување за ефектите од употребата и консумирањето на пластични хемикалии, но веќе треба да се прашувате дали вреди да се ризикува.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote