in ,

СлаткоСлатко

Од исхраната исфрлила некои продукти и мозолчињата почнале да исчезнуваат

22. годишната Рејчел Кревли одлучила јавно да го сподели своето искуство во лекувањето на акните, но и за проблемите со кои се соочувала поради осуда и исмејување од своите врсници.
Во искреното обраќање, младата девојка истакнала дека после долго омаловажување, одлучила да направи нешто за себе и конечно да направи некои промени.
Па така, освен што и посветила посебна нега на кожата и посветила внимание и на својата исхрана.

Прво почнала да експериментира, за да утврди кои продукти и одговараат, па сфатила дека шеќерот е еден од главните виновници кој кај неа поттикнува зголемено создавање на акни и мозолчиња.
Освен шеќерите, на овој проблем негативно влијаеле и јаглехидратите, а интересно е тоа што дури и оние кои се познати како здрави јаглехидрати (како интегрален ориз и овесна каша), исто така имале лошо дејство.
Кога престанала да ги јаде, забележала неверојатни промени.
„Само три дена откако престанав да ја јадам споменатата храна и го зголемив внесот на масти (здрави масти) акните престанаа да се појавуваат” раскажала Рејчел воодушевено.

После кус период на испробување различни намирници, сфатила дека за здравјето на нејзината кожа најмногу одговара веганската исхрана.
Покрај зеленчукот кој најмногу е застапен во нејзината исхрана, таа и понатаму себеси се почестува со здрави слатки, како што се колачиња од какао и путер од кикирики.
„Кога ќе го исфрлите шеќерот од вашата исхрана, вашите вкусови се менуваат и повеќе ја немате онаа силна потреба за слатки”, додала таа.

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote