Италија е првата земја на ЕУ погодена од епидемијата на коронавирус во февруари годинава и оттогаш, во таа земја се потврдени околу 1,62 милиони случаи на COVID-19 и 56.361 смртни случаи од коронавирус.
Италија планира да започне програма за масовно бесплатно вакцинирање на населението, пред се на старите лица и здравствените работници, од почетокот на следната година, објави денеска министерот за здравство Роберто Сперанца пред италијанскиот парламент.
Тој посочи дека владата има можност да купи 202 милиони дози вакцини од различни производители.