in

Одложен уште еден натпревар во Премиер Лигата!

Натпреварот помеѓу Тотенхем и Фулам кој требаше да се одигра вчера во Лондон од 19.00 часот од 16 коло во Премиер лигата е одложен.

И двата клуба ја потврдија информацијата после одлуката донесена од првите луѓе на натпреварувањето.

Тотенхем соопштува дека од Фулам побараа одложување поради позитивни случаи на ковид-19 меѓу нивните играчи и стручниот штаб.

Можно е повторно да биде суспендирана Премиер лигата откако дури 18 играчи се позитивни на коронавирус во најмалку три клуба. Поради таа причина беше одложен и дуелот помеѓу Евертон и Манчестер сити.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote