in ,

Што?Што?

САМО ОДМАЗДА ИЛИ НЕШТО ПОВЕЌЕ? Поранешниот свршеник на Џенифер Лопез, фатен со поранешната девојка на Бен Афлек!

Американските медиуми деновиве внимателно го следат љубовниот живот на Алекс Родригез, со кого Џеј Ло раскина само две недели пред да биде фатена со Бен Афлек!

 

Поранешниот бејзбол играч неодамна беше виден како излегува од зградата на актерката Кети Холмс, по што се појавија гласини дека се во врска. Сепак, менаџерот на холивудската убавица објави дека не го познава Алекс Родригез и наскоро се појавија нови озборувања за неговиот љубовен живот – и тоа какви!

Според „Page Six“, Алекс е фатен во друштво на телевизиската продуцентка Линдзи Шукас на нејзината роденденска забава во саботата. Двајцата беа снимени како седат заедно на интимен собир во една градина, а веднаш се појавија гласини дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Интересно, Линдзи е поранешна девојка на Бен Афлек, и тоа првата девојка со која официјално беше во врска откако се разведе од Џенифер Гарнер.

 

Менаџерот на Родригез негираше дека спортистот и продуцентката биле пар.

– Нема ништо таму. Тие се пријатели веќе 15 години – рече тој.

Како ви се допаѓа?

-1 поени
Upvote Downvote