Администрацијата за лекови и храна на САД ја дозволи употребата на вакцината на Пфајзер за Ковид-19. Дозволата на вакцината пристигна откако пандемијата постави црн рекорд на 290.000 смртни случаи само во САД досега. Со оваа одлука САД станува шеста држава која ги одобри вакцините.

Останатите земји кои ја одобрија вакцината се: Британија, Бахреин, Канада, Саудиска Арабија и Мексико. Други одобренија во рамките на Европската Унија се очекуваат наскоро. САД ќе добие близу 2.9 милиони дози за вакцинирање веднаш по одобрувањето.
Коментари
Loading…