in

Официјално: Анџелоти повторно во кралскиот клуб!

NAPLES, ITALY - NOVEMBER 09: Carlo Ancelotti SSC Napoli coach gestures during the Serie A match between SSC Napoli and Genoa CFC at Stadio San Paolo on November 09, 2019 in Naples, Italy. (Photo by Francesco Pecoraro/Getty Images)

Италијанецот Карло Анчелоти официјално се врати на клупата на Реал Мадрид, потврди клубот од стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во вторникот.

Во текот на денот, трофејниот тренер се согласи да ја прекине соработката со Евертон, на чија клупа седи од декември 2019 година, и потпиша договор со Кралскиот клуб до крајот на сезоната 2023/24. со годишна плата од 6 милиони евра.

Како потенцијални наследници на Зинедин Зидан во клубот од шпанската престолнина се споменуваа и Маурисио Покетино, Антонио Контеа и Раул Гонзалес, но на крајот се даде доверба во човекот кој веќе го водеше шпанскиот гигант.

Челниците на Реал сакаа што поскоро да ангажираат нов тренер за да можат веднаш да започнат да прават планови за новата сезона, бидејќи сакаат што побрзо да го заборават минатото без трофеј.

Искусниот италијански стручњак веќе работеше како тренер на Лос Бланкос од 2013 до 2015 година, кога ги освои Лигата на шампионите, Шпанскиот куп и Суперкупот.

„Би сакал да им се заблагодарам на одборот, играчите и навивачите на Евертон за огромната поддршка што ми ја дадоа. Целосно ги почитувам сите што се поврзани со Евертон и се надевам дека ќе можат да ги разберат можностите што претстојат. Иако уживав во Евертон, ми се укажа неочекувана можност за која верувам дека е вистинскиот потег за мене и моето семејство во моментов. Се приклучувам на Реал Мадрид “.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote