Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, официјално се врати во репрезентацијата на Франција пред Европското првенство, кое ќе се одржи во јуни.
Бензема не е член на националниот тим од 2015 година – тогаш беше отстранет поради полемика која вклучуваше уцени на неговиот колега од националниот тим Метју Валбуена.
Тренерот Дидие Дешамп инсистираше во претходните години дека неговото мислење за настапот на Бензема во националниот тим не е променето, и покрај одличните настапи на офанзивниот играч во редовите на Реал.
Les 2️⃣6️⃣ Bleus qui partiront sur les routes de l’Europe ! 🇫🇷 #FiersdetreBleus pic.twitter.com/HfochGPPen
— Equipe de France ⭐⭐ (@equipedefrance) May 18, 2021
Во текот на денот, Л’Екип објави дека неколку истакнати фудбалски работници во Франција, вклучувајќи го и Арсен Венгер, разговарале со Дешамп и дека успеале да го убедат тренерот повторно да го повика Бензема.
Коментари
Loading…