in

ОФИЦИЈАЛНО! ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ 30 ДНЕВНА КРИЗНА СОСТОЈБА И СТАПУВА НА СИЛА ВЕДНАШ!

Со ова и армијата ќе има улога во справување со коронавирусот. Сите приватни болници ќе бидат на располаѓање на државата, односно ќе ги раководи.

Владата на денешната 23-та седница донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.

Владата заклучи, Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на Акциски план за превенција и справување со ширењето на заразната болест КОВИД-19, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote