in

Официјално: Рамос потпиша за ПСЖ!

Она што веќе подолго време се зборуваше во светот на спротот, сега се оствари – Серхио Рамос потпиша за ПСЖ.

Рамос по крајот на минатата сезона се збогуваше со кралевите откако помина 16 години во белиот дрес. Тој пет пати ја освои шпанската Ла Лига со Кралевите, четири пати Лигата на Шампиони и сега сака да започне нова авантура.

Рамос ги завршил лекарските прегледи и потпишал двегодишен договор со клубот од Париз. ПСЖ исто така се засили на голманската и бековската позиција откако претходно ги ангажираше Џанлуиџи Донарума и Ашраф Хакими.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote