Францускиот стратег, Зинедин Зидан ја прекина соработката со Реал Мадрид, пренесува Фабрицио Романо.
Зинедин Зидан реши да го напушти кралскиот клуб по втор пат во својата кариера, откако не успеа да освои ниту еден трофеј оваа сезона. Шпекулациите за неговото заминување кружеа веќе подолго време на социјалните мрежи, а самиот Зидан ги демантираше во едно интервју.
Сега како што пренесува угледниот италијански новинар Фабрицио Романо, Зидан веќе не е тренер на Реал Мадрид. Флорентино Перез има неколку опции на располагање за тоа кој ќе седне на клупата на Кралевите, а најспомнувани имиња се Конте и Алегри.