in

WTFWTF Што?Што?

Огромен бран прекинал венчавка на Хаваите (ВИДЕО)

Минатиот викенд огромни бранови го погодиле јужниот брег на Хаваите. Куќите во крајбрежјето се поплавени.

Од Националната метеоролошка служба објавиле дека големите бранови, некои повисоки и од шест метри, настанале во комбинација од силен јужен ветер, посебно висока плима и раст на нивото на морето.

Брановите прекинале една свадбена прослава, а столчињата и масите по ударот биле разнесени по терасата. Снимката завршила на Твитер.

Гостите на венчавката: Ситуацијата не беше опасна по живот

„Брановите беа огромни. Еден од нив едноставни мина преку ѕидот и ги уништи масите и столчињата“, рекла Сара Акерман која го снимила видеото.

„Ситуацијата не беше опасна по живот. Повеќе се прашувавме каде ќе ги ставиме масите и столчињата“, рекла Акерман и додала дека продолжиле со прославата откако го исчистиле нередот.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote