in

Како огромната јахта помина низ тесните канали во Холандија?! [ВИДЕО]

Една од најголемите јахти произведена оваа година помина низ тесните канали во Холандија, само неколку метри поширока од себе.

Јахтата со име Проект 817 е долга дури 94 метри, а направена е во холандското бродоградилиште Федишип и беше пренесена од фабриката на островот Каг до Ротердам и Северното Море.

Ја влечеле трактори низ каналите, а за време на транспортот поминала покрај куќи и цркви, па изненадени минувачи ја гледале.

Фотографот Том Ван Осанен, кој ја фотографираше оваа необична сцена, тврди дека четири до шест јахти минуваат низ каналот секоја година на пат да тестираат на море.

Проектот 817 е јахта која најверојатно ќе го добие името Вива кога конечно ќе исплови.

“Јахтата е дизајнирана така што може да поминува покрај вода, и од таа причина не може да биде поширока или подолга дури ни за еден инч. Дизајнот беше искористен максимално поради ограничувањата на мостовите и водните патишта”, открива Осанен.

Времетраењето на транспортот на јахтата зависи од повеќе фактори, вклучувајќи ги ветерот и локацијата на мостовите, така што може да се испорача за два до четири дена. Новата јахта патуваше околу четири дена до својата дестинација.

Ова би можело да биде последен транспорт на јахтата низ каналите бидејќи бродоградилиштето Федишип изгради нова фабрика во Амстердам што може да направи јахта долга 160 метри. Во Холандија во моментов се градат уште неколку големи јахти.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote