in

ОГРОМНО СПОЈУВАЊЕ: Фиат Крајслер се спои со Пежо Ситроен Опел!

Акционерите на Фиат Крајслер (ФЦА) денеска изгласаа спојување со француската групација Пежо-Ситроен-Опел (ПСА), со што е создадена четвртата по големина автомобилска компанија во светот. Новата компанија ќе се вика „Стелантис“.

Извршниот директор на ПСА Пежо, Карлос Таварес и претседателот на Фиат Крајслер, Џон Елкан, ја истакнаа „историската важност” на спојувањето на компаниите кои „помогнаа да се испишат индустриските истории на САД, Франција и Италија”.

– Минуваме низ ера на промени во нашата индустрија. Веруваме дека следната деценија ќе ја редефинира мобилноста што ја знаеме сега. Ние и нашите партнери од ПСА имаме намера да играме водечка улога во градењето на иднината, таа идеја не здружи, рече Елкан на онлајн состанокот на акционери.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote