Акционерите на Фиат Крајслер (ФЦА) денеска изгласаа спојување со француската групација Пежо-Ситроен-Опел (ПСА), со што е создадена четвртата по големина автомобилска компанија во светот. Новата компанија ќе се вика „Стелантис“.
Извршниот директор на ПСА Пежо, Карлос Таварес и претседателот на Фиат Крајслер, Џон Елкан, ја истакнаа „историската важност” на спојувањето на компаниите кои „помогнаа да се испишат индустриските истории на САД, Франција и Италија”.
– Минуваме низ ера на промени во нашата индустрија. Веруваме дека следната деценија ќе ја редефинира мобилноста што ја знаеме сега. Ние и нашите партнери од ПСА имаме намера да играме водечка улога во градењето на иднината, таа идеја не здружи, рече Елкан на онлајн состанокот на акционери.
Коментари
Loading…