in

Олимпијадата е тука! Ричарлисон ја прегази Германија!

Напаѓачот на Евертон, Ричарлисон успеа да постигне хет-трик за само половина час игра и ја започна авантурата на Бразил на Олимпијадата во Токио.

Во репризата на финалето од Олимписките игри во 2016 година, Бразилците беа подоминантни и успеаја без премногу мака да ги совладаат Германците. Ричарлисон ја започна голеадата во седмата минута од мечот, а веќе по само половина час игра го комплетираше својот хет-трик.

Германија преку голобите на Надием Амири и Рагран Аче успеа да намали на 3-2, но тие немаа сила да изедначат. Паулињо стави точка на натпреварот во судиското надополнување и им ја донесе првата победа на Бразил на овогодишната Олимпијада.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote