in

Официјално: Олимписките игри се одржуваат на лето во Јапонија!

Одложените Олимписки игри кои требаше оваа година да се одржат во Токио ќе бидат организирани ова лето. Тоа го потврди јапонскиот премиер Јошихиде Суга во моментите кога пандемијата се засилува во оваа далечна источна земја. 

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави дека Олимписките и параолимписките игри ќе се одржат на лето и дека тие ќе бидат безбедни.Дополнителни 2,29 милијарди евра (2,8 милијарди долари) ќе бидат потребни за одржување на Олимписките и параолимписките игри, поради мерките за спречување на ширењето на вирусот, а ова може да бидат најскапите летни олимписки игри во историјата.Според анкетите на јавното мислење, мнозинството јапонски граѓани се противат на одржувањето на Олимписките игри во 2021 година.

Тие веруваат дека е подобро да се откажат или преместат Олимписките игри, но јапонскиот премиер посочува дека тие ќе бидат „симбол на глобалната солидарност“.Бројот на заразени со вирусот во Јапонија се зголемува последните денови, а Токио за прв пат потврди повеќе од илјада нови случаи на инфекција за еден ден.

Во Јапонија се потврдени случаи на мутиран вид на Ковид  откриен во Велика Британија, а градоначалникот на Токио, Јурико Коике, предупреди дека бројот на заразени може значително да се зголеми.Според Универзитетот Џонс Хопкинс, досега се пријавени 239.041 случаи на коронавирус во Јапонија, а вкупно починале 3.337 лица.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote