in

ОФИЦИЈАЛНО: Олимписките игри во Токио ќе се одржат без публика!

Летните Олимписки игри кој треба да започнат овој месец ќе се одржат пред затворени врати.

Оваа одлука доаѓа по зголемувањето на случаите на коронавирсот во земјата. Властите постигнаа договор со организаторите дека ситуацијата е многу ризична и сите настани да се одржат без посетители.

Шефот на организацијата, Сеико Хашимото ја опиша ситуацијата како „опасна“ и им се извини на навивачите кои веќе купија билети за Игрите. Во Токио, беа забележани 920 случаи само во средата, а истиот ден минатата недела имаше само 714 заразени.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote