in , ,

Што?Што? ТаженТажен

Омикрон зема голем замав низ земјата и регионот – за три дена над 5.650 новозаболени

Три дена по ред бројките со Ковид во Северна Македонија вртоглаво раснат, со по речиси две илјади нови инфекции секој ден. За само три дена евидентирани се 5.651 новозаболени, од кои секој четврти е позитивен на новиот сој Омикрон.

Вирусот зеде замав по новогодишните и божиќните празници, а загрижува тоа што расте и бројот на починати. Ако во средата (12.01.2022) беа евидентирани три смртни случаи, бројката еден ден подоцна нагло скокна – дури осуммина ја изгубиле битката со опасниот вирус.

Над 30 отсто од тестираните во последното деноноќие се заразени со Ковид-19. Како што информираше македонското Министерство за здравство, регистрирани се 1.865 новозаразени со коронавирус, додека во средата имаше 1.822 нови случаи. Во вторникот, пак, (11.01.2022) бројката на новоинфицирани се искачи до 1.964 случаи.

Не се заштитени ниту оние што еднаш го прележале вирусот, со оглед на тоа дека расте бројот на реинфекции. Од вкупниот број новозаразени, 207 пациенти по вторпат се заразиле со Ковид-19, за разлика од претходниот ден, кога беа евидентирани 173 реинфекции.

Поради брзото ширење на вирусот, неизвесно е дали ќе биде продолжен зимскиот распуст, или школската година, сепак, ќе продолжи на 20 јануари. Комисијата за заштита од заразни болести во наредниот период треба да се изјасни околу предлогот за скратување на изолацијата на асимптоматските случаи, но и за тоа дали ќе продолжи онлајн или со физичко присуство учебната година во второто полугодие.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote