Момче од Ниш е уапсено синоќа на улица во центарот на градот и полицијата кај него пронајде 60 таблети од синтетичката дрога МДМА, па е осомничен за нелегална трговија со дрога.
Инаку таблетите пронајдени кај 26-годишниот Д.Т., освен што имале примамливи бои и форми, биле со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Крим полицијата го забележала Д.Т. во центарот на градот зад еден трговски центар. Тој го фрлил пакетчето што го носел и почнал да се оддалечува, но пакетчето е пронајдено, а тој фатен. Не е невообичаено на синтетичките дроги да има втиснато слика од смајли, ликови од цртани филмови, но ова е прв случај на нив да има втиснато лик на светски државник, велат извори за Блиц.
Коментари
Loading…