in

СлаткоСлатко

Opel повторно ќе го воведе под-брендот GSe за динамични модели

• Модерен пресврт: GSe ќе се врати како динамичен, електрифициран под-бренд на Opel

• Извршниот Директор на Opel, Florian Huettl: „GSe сега исто така значи Grand Sport Electric“

• Сеопфатна електрифицирана понуда: од Corsa-e до Astra plug-in хибрид и Movano-e

GSe – три букви со многу јасна конотација за клиентите на Opel: високо опремени, спортски модели. Денес, со јасниот план на германскиот производител на автомобили да понуди електрифицирана верзија на секој модел во своето портфолио до 2024 година и да биде целосно електричен бренд во Европа до 2028 година, Opel го оживува и редефинира GSe како нов подбренд со врвна понуда. За разлика од минатото кога ознаката беше кратенката „Grand Sport Einspritzung“ (Grand Sport вбризгување) како на Commodore GS/E и на Monza GSE, таа ќе има ново значење во иднина.

Opel неодамна ја претстави Manta-e GSe, модерен изглед на легендарната Manta од 1970 година. Тоа покажува колку безвременски се линиите од 1970 година и денес. Она што беше скулптурно и едноставно пред половина век, сè уште совршено се вклопува со дизајнерската филозофија на Opel денес. Зазема моќен, јасен став и самоуверено започнува нова иднина: електрична, без емисија – полна со емоции. Opel Manta-e GSe е исто така креација во чест на прекрасната Manta A која неодамна беше инспирација за дизајнот на новото лице на брендот – Opel визорот, кој совршено ги интегрира во еден единствен модул: решетката, системот за осветлување и Blitz амблемот на брендот. Сите нови модели на Opel го имаат визорот – вклучувајќи ги новите Opel Astra и Opel Astra Sports Tourer.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote