Најпознат специјалитет на скара, чисто месо, без адитиви и засилувачи на вкусот! Ќе знаете дека добро сте ги испечиле ако месото е затемнето однадвор, а одвнатре остане светло розево!
Тие се највкусни кога се сервираат со лепињи и кромид!
Состојки:
- 3 кг говедско месо од ребро
- 1 кг говедски врат
- 1 кг јагнешко месо од ребро
- 75 гр јодирана сол
- 5 гр пипер во прав
- 5 гр лук во прав
Подготовка:
Исечете го месото (не отстранувајте ја маснотијата) на коцки, додајте сол, бибер и лук во прав. Измешајте сè добро и оставете го во фрижидер 24 часа. Потоа мелете двапати и оставете да отстои уште 24 часа во фрижидер. За обликување на ќебапите, најдобро е да користите преса затоа што на тој начин ќе бидат компактни, така што маснотиите и сокот ќе останат во внатрешноста на ќебапите. Подмачкајте ја решетката на скара со јагнешка или говедска маст и печете ќебапи.
Договорено, 5кг ќебапи ќе спремиме за ручек.