in ,

СлаткоСлатко УбавоУбаво

Оригинален рецепт за тартар сос

Некои салати не можеме да ги замислиме без тартар сос, а вкусот во ресторан е секогаш некако подобар отколку кога го правите дома.

 

Овој рецепт ќе ви помогне истиот да биде подобар отколку во ресторан, а со тоа значително ќе го подобрите вкусот на вашите јадења.

Одличен е и со сланина, како и пржени пиперки полнети со сирење, поховани тиквици и кашкавал.

Состојки:

  • 2 јајца,
  • 2 жолчки,
  • 1 лажичка маслиново масло,
  • 1 млад кромид,
  • 50 гр кисели краставички,
  • 1 лажичка сенф во прав,
  • 120 гр кисела павлака,
  • 1/2 лимон и зачин

Подготовка:

Јајцата сварете ги тврдо, па одвојте ги жолчките и белките. Сварените жолчки измешајте ги со суровите. Потоа додадете сенф во прав и сè добро измешајте. Постојано мешајте, па прелијте со маслиновото масло. Постепено додавајте сечкани краставици, копар, сецкан кромид. Додека мешате, додадете ја павлаката. На крајот, додадете сок од лимон и сè целосно измешајте.

 

На здравје!

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote