in ,

Што?Што?

Оргиналните записи од Алберт Ајнштајн продадени за 11,6 милиони евра!

Ракописот со пресметките на Алберт Ајнштајн додека се обидувал да ја формулира неговата теорија на релативноста е продаден на аукција за рекордни 11 милиони евра, пренесува BBC.

Местото на продажбата било во аукциската куќа Кристи во Париз, а воедно овој ракопис го собори рекордот на најскапо продаден научен документ.

Ова е еден од само двата документи кои ја покажуваат напорната работа на физичарот Алберт Ајнштајн и неговиот пат до откривањето на неговата позната теорија.

Теоријата на релативностата, која е објавена во 1915 година, целосно го трансформира човечкото разбирање за просторот, времето и гравитацијата.

Ракописот на листот бил напишан помеѓу 1913 и 1914 година од Ајнштајн и неговиот швајцарски колега Микеле Бесо, кои успеале да го сочуваат документот.

Претходно рекорди на продажба на некои од ракописите на Ајнштајн биле 2,4 милиони евра за писмопто за Бога во 2018 година и 1,39 милиони евра за писмото за тајната среќа продадено во 2017 година во Ерусалим.

Записите продадени во вторникот беа проценти меѓу 2 и 3 милиони евра. За разлика од претходните продадени по рекордни цени, овој е работен запис, што е посебна реткост.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote