Порано оваа година, уште пред целава ситуација со пандемијата и случувањата околу неа, беше објавено дека ќе се снима филм кој ќе му претходи на хорор трилерот на Jaume Collet-Serra – Orphan во кој малата Esther е главен негативец. Доколку тоа не беа доволно чудни новости самите по себе, следнава информација е уште почудна. Имено Isabelle Fuhrman ќе ја повтори својата улога Esther која ја толкуваше во првиот филм!
Доколку се запрашате зошто е тоа чудно, одговорот е следен: овој филм сега што се снима се случува во минатото, односно пред Orphan, а Isabella ја глумеше малата Esther додека сеуште беше дета, а сега таа е доста постара. Новиот филм ќе биде именуван Orphan: First Kill и Julia Styles е дел од актерската екипа. Variety прв дозна дека Isabella се враќа како озогласената Esther.
Коментари
Loading…