Глумецот на Ex Machina, Oscar Isaac беше потврден како толкувач на улогата на Solid Snake во филмот Metal Gear Solid. Овој долгоочекуван филм на Sony е базиран на видео игра направена од легендарниот Хидео Коџима. Првата Metal Gear Solid игра беше објавена во 1987 година.

Филмската адаптација на играта е моментално во обработка од страна на студиото Sony Pictures, а сега тие потврдија дека Oscar Isaac ќе ја игра главната улога на овој филм. Isaac е првиот глумец за кој јавно е познато дека ќе глуми во филмот а повеќе информации очекуваме наскоро од Sony.