in

Основачот на Амазон, Џеф Безос, отиде во вселената

57-годишникот полетал од Тексас, Соединетите Држави, на неговата ракета Blue Origin New Shepard во 11-минутен лет до работ на вселената.

Милијардерот сега стана втората личност што полета своја ракета во вселената, следејќи го  Ричард Брансон од Virgin Galactic за девет дена.

Заедно со Безос на летот брше неговиот брат Марк, Воли Фанк – една од 13-те жени пилоти кои ги поминаа истите тестови како астронаутите на Меркур 7 на Наса во раните 1960-ти.

На летот беше и 18-годишен студент по физика, кој го зазеде местото на победник на аукција од 28 милиони долари, кој беше премногу зафатен за да го направи патувањето.

Оливер исто така имаше свое место на летот, бидејќи неговиот татко беше еден од второпласираните на аукцијата. Колку платил за билетот не е обелоденето.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote