in

Остатоци од римска галија пронајдени во морето во Грција! [ФОТО]

Остатоци од римска галија, како и остатоци од други бродови од античко време, се пронајдени во водите во близина на Касос, најјужниот грчки остров во Егејско Море, објави грчкото Министерство за култура.

Во соопштението се вели дека најзначајно откритие е римската галија натоварена со амфори од типот „дрезел 20“, со волумен од 70 до 75 литри, што се користи главно за чување и транспорт на маслиново масло, како и амфори од типот „Африка 1“, цилиндрична форма, помал обем од 35 до 40 литри, произведени во регионот на денешен Тунис, кои исто така најчесто се користат за маслиново масло.

Се верува дека пронајдениот брод е изграден и користен во 2 или 3 век од нашата ера.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote