in ,

Што?Што?

Колку долго остатокот од храната може да остане во фрижидер?!

Според упатствата на Американската администрација за храна и лекови (ФДА), останатата храна може да се чува и да се јаде околу три до четири дена по подготовката. Иако ова е општ став, тој не се однесува на секој вид храна.

ФДА наведува дека останатата храна треба да се стави во фрижидер или замрзнувач два часа по подготовката.

Микробиологот Андреа Касеро и Гај Крозби, научник за храна и вонреден професор на Харвард, истакнуваат дека таквите упатства не важат за секоја храна.

Различната храна, исто така, има различна pH вредност. Храната што има помала pH вредност, како сос од домати, може да трае подолго. Рокот им е околу седум дена.

Од друга страна, во остатоците од храна што имаат повисока pH вредност, како што се јајца и риба, бактериите се развиваат многу брзо и затоа треба да се јадат во рок од три дена или да се фрлат ако помине тој период.

Храната што содржи повеќе шеќер може да се чува надвор од фрижидерот во херметички затворен сад до седум дена, како мафини или колачи од масно тесто) Иако е тешко десертите да издржат толку долго.

Од друга страна, храната со висока содржина на влага, како што е вареното месо и варениот зеленчук, може побрзо да растат бактерии, дури и кога се чуваат во фрижидер. Таквата храна треба да се користи во рок од три дена.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote