in

ОТКРИЕН НАЈСТАРИОТ ЦРТЕЖ ВО СВЕТОТ! Пештерата криела слика стара повеќе од 45 000 години!

Цртежот во пештерата е фигуративен приказ на вартог, вид дива свиња карактеристичен за овој остров во Индонезија.

Археолозите ја открија најстарата пештерска уметност во светот, слика во димензии на дива свиња, која е насликана пред најмалку 45.500 години во Индонезија.

Пештерска слика откриена во Јужен Сулавеси покажува вартог, вид дива свиња, ендемичен на овој индонезиски остров.

Откритието на археологот претставува и уникатни докази за животот на првите „модерни“ луѓе во регионот.

  • Сликата на вартог што ја најдовме во варовничката пештера Линг Тедонг сега е најрано познато репрезентативно уметничко дело во светот – рече професорот Адам Брум од универзитетот Грифит во Австралија.
  • Пештерата е во долина која е затворена со стрмни карпи од варовник, а достапна е низ тесен премин во пештерата само во сувата сезона, бидејќи дното на долината е целосно поплавено во сезона на дождови – рече Брум.

Истражувачите додадоа дека сликата на вартог е насликана на плоча од карпа над висока платформа долж задниот ѕид на Линг Тедонгџ.

  • Овие свињи најчесто се прикажани како животни од ледена доба на островот, што сугерира дека тие долго време биле ценети и како храна и како фокус на креативно размислување и уметничко изразување – додаваат научниците

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote