in

ОТКРИЕН УШТЕ УШТЕ СТРАШЕН СИМПТОМ НА КОРОНА ВИРУСОТ: Има врска со чувството за вкус, едноставна рутина ве тера да повраќате

Експертите откриле дека губењето на мирисот се јавува затоа што вирусот ги оштетува нервните завршетоци на рецепторите во носот.

Губење на сетилото за мирис е еден од симптомите на ковид-19, но оние на кои им треба подолго време да се опорават од оваа болест, велат дека чувствуваат непријатни мириси дури и неколку месеци откако биле заразени од коронавирусот.

Остриот, непријатен мирис на риба, сулфур и нешто слатко може да биде еден од симптомите што се јавуваат кај луѓе кои се опоравуваат подолго од ковид.

Губење на сетилото за мирис професионално се нарекува парозмија и тоа е еден од најчестите симптоми кај пациенти со ковид-19. Клучен наод на студија спроведена од истражувачи од UCL и UCLH е дека акутното губење на мирис и вкус е најчестиот индикатор за вирусно заболување.

Експертите открија дека губењето на мирисите се јавува затоа што вирусот ги оштетува нервните завршетоци на рецепторите во носот, и токму овие рецептори му кажуваат на мозокот како да ги толкува хемиските информации создадени од мирисите. Ако овие рецептори се оштетени, може да се појави паросмија.

„Кафето имаше ужасен вкус, а кога ги миев забите со паста за заби, се чувствував како да ги мијам со бензин, беше ужасно, повраќав“, изјави Сара Говје, пациентка која прележала корона.

И мирисите беа ужасни.

„На почетокот, сè мирисаше скоро исто. Кафето мирисаше како некој да пуши или мирис на чад од издувните гасови од автомобилот. Кромидот и лукот страшно смрдат, не можам ни да го опишам. Бидејќи ова се главните состојки во скоро секој оброк, готвењето стана предизвик “, открила оваа мајка на две деца.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote