in

Откриена НОВАТА ТАЈНА на Помпеја – археолозите откриле одлично зачувани тела!

Археолозите пронајдоа одлично зачувани тела на двајца мажи кои загинаа во вулканска ерупција која го уништи античкиот римски град Помпеја во 79 година од новата ера, објави во саботата италијанското Министерство за култура.

Еден човек е најверојатно со висок статус, на возраст од 30 до 40 години, а делови од волнено палто сеуште се зачувани на него.

Другиот човек е помлад, на возраст од 18 до 23 години и е облечен во туника. На него е забележано оштетување на ‘рбетот, а неколку пршлени се смачкани.

За него се верува дека бил роб кој морал да работи напорно. Остатоците се пронајдени во подземна комора во рамките на големата вила Цивита Џулијана, 700 метри северозападно од центарот на Помпеја.

Забите и коските на мажите се добро зачувани, а малтерот бил истурен во шуплините, во кои имало меко ткиво, што подоцна овозможило појасно да се видат контурите на телото.

Директорот на археолошкиот локалитет на Помпеја, Масимо Осана, рече дека тие починале од термички шок, што може да се види на стегнатите стапала и тупаници.

„Веројатно овие две жртви барале да се извлечат од пирокластичниот бран“, додаде Осана. Министерот за култура Дарио Франческини рече дека откритието уште еднаш го истакнува статусот на Помпеја како „неверојатно место за истражување и студирање“.

За време на ерупцијата, околу 13.000 луѓе живееле во Помпеја, 23 километри југоисточно од Неапол. Градот бил целосно уништен од ерупцијата и со време бил замрзнат.

Остатоците од градот за прв пат биле откриени во 16 век, а организираните ископувања започнале околу 1.750. Во последно време, вниманието е насочено кон зачувување на изложените урнатини од распаѓање и колапс.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote