in ,

СлаткоСлатко

Научниците најдоа нова планета покриена со вода

Астрономите открија блиска егзопланета која, доколку тоа се докаже дека е точно, е првата планета целосно покриена со вода.

TOI-1452b е малку поголема и помасивна од Земјата, се наоѓа во соѕвездието Змеј и од нашата планета е оддалечена 100 светлосни години.

TOI-1452b се наоѓа во бинарниот ѕвезден систем, па поради фактот што постојат две сонца, било проблем да се забележи, но научниците од универзитетската опсерваторија „Observatoire du Mont-Mégantic“, со помош на нови аналитички методи, го утврдиле нејзиното постоење.

За разлика од Земјата, која претежно е направена од карпи и метали со вода која покрива две третини од нејзината површина, TOI-1452b се чини дека е направена претежно од вода.

Тие веруваат дека тоа е еден вид глобален океан сличен на длабоките води кои лежат под ледената кора на сателит на Сатурн Енкелада.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote