in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Откриена тајната на Ајнштајн за среќен живот

Еден од најголемите умови и најзначајните личности во историјата на светот, Алберт Ајнштајн, имал многу интересен живот испреплетен со бројни интриги. Две свои мудрости напишал во клучниот момент од неговата научна кариера, а останатите биле скриени цели 95 години.

Познатиот физичар и автор на теоријата на релативноста, во 1922 година бил на турнеја во Јапонија, каде што одржувал предавања. Во тоа време дознал дека ќе биде номиниран за Нобеловата награда за физика, а неговата слава се проширила надвор од научните кругови.

Откако дознал дека е потенцијален добитник на најпрестижната награда на светот, познатиот физичар напишал две белешки за среќата, кои потоа му ги дал на курир во Токио.

 

Имено, во хотелот Империјал, каде што престојувал, доставувач му донел пакет. Не се знае дали тој го одбил бакшишот, во согласност со локалниот обичај или, пак, Ајнштајн немал ситни, но Алберт не сакал да го остави со празни раце, па му дал белешки напишани на германски јазик, пишува nationalgeographic.

„Ако имате среќа, можеби овие белешки ќе вредат многу повеќе од бакшишот“, му рекол Ајнштајн на курирот, според неговиот потомок.

Една од белешките, напишана на лист хартија со логото на хотелот Империјал, гласи:

„Тивкиот и скромен живот носи повеќе радост отколку немирна трка за успех“.

 

На друга белешка, на бела хартија, постои позната изрека која му се припишува на Ленин:

„Каде што има волја, има и начин!“.

Аукциската куќа Winner’s ја потврди автентичноста на белешките.

– Тие немаат научна вредност, но би можеле да помогнат да се одредат личните мисли на Ајнштајн, чие име стана синоним за генијалност“, вели Рони Грос, кој е одговорен за најголемата збирка на архивите на физичарот на Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote