in ,

Што?Што? WTFWTF

СЛУЧАЈНО ОТКРИТИЕ НА ЈУТУБЕР: Под дрвото ја пронајде морничавата пештера на Витезите Темплари (ВИДЕО)

Истражувач на Јутуб направи неверојатно откритие откако налета на шуплина и соба под дрво, што го одведе до неверојатно зачуваната пештера на Витезите Темплари.

Во видеото објавено на Јутјуб, Брендон Експлорес отиде на патување во Шифнал во Шропшир, Англија, откако прочита дека во таа област има пештера стара 700 години.

Откако го пронајде влезот во пештерата, Брендон призна дека таа „изгледа навистина морничаво“ и дека „се сомнева“ во потеклото, но дека набргу бил зачуден од она што го открил и покрај чувството на „клаустрофобија“.

Иако на sидовите во пештерата беа видливи траги од ѓубре и графити, таа сепак беше во совршена состојба, со оглед на тоа што се сметаше дека е „изградена“ во 18 век. Иако се шпекулира дека пештерата е изградена од витез темплар, нема докази што го потврдуваат тоа.

Пријателот на Брендон, кој го придружуваше на патувањето, посочи дека таквите пештери наводно биле проколнати поради сатанските и црните магични ритуали што се изведувале таму. Почнаа да се сомневаат дека има вистина во тие приказни кога, и покрај полните батерии, нивните светла почнаа да се гасат.

Во еден момент, тие пронајдоа и фотографија од човек по име „Пол Jонс“ кога веруваат дека бил жртва на пагански ритуал.

 

Брендон рече дека бил изненаден од тоа колку е убава и голема пештерата. „Некој слезе долу и се обиде да направи прекрасни резби, сигурно беа совршени кога беа направени“, рече тој.

Еден ѕид од пештерата се срушил, па се стравува за структурната безбедност на пештерата.Витезите Темплари биле католички воен ред основан во 1118 година во Ерусалим и биле посветени на Папата. Бројот на членови рапидно растеше и во еден момент имаше 20.000.

Кога ги загубија светите земји во Крстоносните војни и поддршката за редот почна да опаѓа и Темпларите беа изгаснати во 1312 година кога Папата Климент V попушти под притисок на францускиот крал Филип IV по гласините за тајни церемонии на започнување на витези.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote