in

Ова овошје изобилува со витаминот Ц, може да ја подобри еластичноста на кожата и да го зајакне имунитетот: Вклучете го во вашата исхрана уште денес!

Поради големата количина на витамини и минерали, добро би било да вклучите манго во вашата исхрана.

 

Витаминот А е неопходен за здрав имунолошки систем, а само во една чаша манго има 10% од дневните потреби од овој витамин. Покрај витамин А, ова вкусно овошје содржи и фолати, витамин К, витамин Е, како и неколку витамини од групата Б, кои исто така имаат корисен ефект врз имунитетот.

Исто така, содржи уникатен антиоксиданс наречен мангиферин. Некои од студиите покажаа дека мангиферинот може да ги заштити клетките на срцето.

Мангото е многу богат со витамин Ц, и се верува дека витаминот Ц од 100g манго, задоволува 44% од дневниот внес, додека фолатот задоволува 11% од дневниот внес.

Мангото е многу богат со полифеноли, кои се наоѓаат во самото овошје, но и во лушпата. Ова се органски соединенија со антиоксидантна функција во нашето тело. Антиоксидансите се многу важни за нашето здравје, бидејќи тие ги штитат клетките од слободните радикали.

Поради малата калорична содржина, мангото е одличен избор за оние кои се на диета и се обидуваат да ослабат. Ова овошје содржи 1,5 гр растителни влакна, а 84 проценти од манго се вода, па затоа поволно делува на работата на дигестивниот тракт.

Содржи пектин, за кој студиите докажаа дека имаат корисен ефект врз регулирањето на холестеролот.

Благодарение на големата количина на витамин А, доколку се консумира редовно, може да ја подобри состојбата на кожата. Витаминот А и Ц, заедно градат колаген кој е одговорен за еластичноста на кожата.

Покрај ова, мангото содржи и растителен ендорфин, супстанции кои имаат корисен ефект врз расположението.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote