in

Ова парче мора да го имате во вашата гардероба ова зима: Овој фустан ќе биде апсолутен моден хит!

Замислете го најудобното парче облека, кое ќе ве загрее, а истовремено изгледа трендовски и ќе ви ласка на фигурата. Па, овој фустан е токму таков, кој за кратко време стана апсолутен моден хит.

Судејќи според фотографиите на инстаграм, сит се воодушевени од овој модел.

Долг плетен фустан лесно одговара на кој било стил. Може да го комбинирате со патики или кондури за повеќе лежерен стил или со чизми со високи потпетици за малку поелегантен изглед.

Најдоброто нешто е што може да се носи за да се нагласи фигурата или да изгледа потполно лежерно и да се покријат сите несовршености на телото.

Ако претпочитате да ги потенцирате облините, само ставете каиш околу половината, а ако сте повеќе за лежерна варијанта, оставете фустанот да падне лежерно.

На било кој начин да го носите овој фустан, ќе изгледате феноменално.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote