Оваа храна има корисен ефект врз целиот организам – велат експертите.
Семето од чиа е моќен извор на калциум, омега-3 масни киселини и антиоксиданти. Конзумирајќи ги овие семиња, ќе изгледате помладо, ќе станете поенергични и ќе се чувствувате многу поздраво и повитално.
Тие содржат 20% протеини, 34% масти, 25% диетални влакна, а исто така значителна количина на антиоксиданти. Тие се особено богати со линоленска киселина и други омега-3 незаситени масни киселини.
Поради сето горенаведено, тие се многу корисни за здравјето на целото тело. Еве ги придобивките што ги имаме ако редовно јадеме чии семиња:
Губење на тежина
Бидејќи апсорбираат многу вода, веднаш откако ќе стигнат до желудникот, создава чувство на ситост, така што нема да имате „напади“ на глад, потреба за нездрава храна, што ќе резултира со слабеење.
Чиа семето ги содржи сите потребни витамини и хранливи материи, па затоа се сметаат за многу здрав сојузник за слабеење.
Нутриционистите советуваат да се замени појадокот или вечерата со пудинг од чиа семе. Потопете го семето во вода и почекајте да набабри, а потоа додадете јогурт. Можете исто така да додадете некое сезонско овошје и јадењето е подготвено.
Тие се моќен извор на калциум
Семињата чиа содржат пет пати повеќе калциум од млекото, и двојно повеќе калиум од бананите. Секој што сака да го збогати своето тело со калциум, треба да ги испроба овие семиња, бидејќи телото целосно го апсорбира калциумот од овие органски семиња. Овие два минерали се многу корисни за здравјето на коските.
Тие се богати со омега-3 масни киселини
Чии семиња имаат голема количина омега 3 масни киселини, и тие се многу важни за добрата состојба на организмот.
Научно е докажано дека тие можат да го намалат холестеролот, да ја подобрат работата на срцето, но исто така да влијаат и на подобрувањето на расположението.
Помага во одржување на младешкиот изглед
Поради големата количина на антиоксиданти, семето чиа има корисен ефект врз изгледот на кожата. Концентрацијата на антиоксиданти во овие, навидум едноставни семиња, е поголема отколку кај боровинките и аронијата.
Ја враќа енергијата
Ако ги вклучите во вашата исхрана, ќе почувствувате дека имате многу повеќе енергија. Особено се препорачуваат за спортисти.
Коментари
Loading…