Овесната каша е богата со бета глукани – растворливи во вода влакна, што е околу 3-5 проценти во овесот.
Препорачаниот внес на бета-глукан е околу три грама на ден, што значи дека треба да земате околу 90 грама овес секој ден со цел да го регулирате холестеролот.
Тие ги штитат срцето и крвните садови
Овесната каша е значаен извор на диетални влакна, растворливи и нерастворливи во вода. Една од компонентите содржани во овесот се бета-глуканите, кои го намалуваат холестеролот и со тоа го штитат нашиот кардиоваскуларен систем.
Го регулира нивото на шеќер во крвта
Конзумирање на производи од овес нема да доведе до нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта, како кога јадете производи од брашно од бело пченица кои се доминантни во нашата исхрана.
Помаѓа во регулацијата на варењето храна!
Поради својата висока содржина на влакна, овесот е добар и за регулирање на перисталтиката и движењето на дебелото црево. Нерастворливите влакна содржани во овесот служат како сунѓер кој апсорбира вода, отекува и станува неколку пати потежок во однос на тежината на самите влакна. Ова доведува до зголемување на цревната содржина и стимулација на цревниот премин и празнење.
Даваат можност за контрола на телесната тежина
Бидејќи влакната растворливи во вода се варат, тие доведуваат до формирање на гел, што ја зголемува вискозноста на цревната содржина. Ова го забавува празнењето на желудникот, така ќе се чувствувате сити подолго, а ќе јадете помалку и полесно ќе ја контролирате вашата тежина.
Лесни се за правење и се многу вкусни!
Може да ги консумирате со растително млеко или вода, доволно е да ги натопите и по неколку минути да отечат и подготвени се за консумирање. Секогаш можете да додадете овошје, банани, бобинки, јагоди, сливи, итн.… Но исто така можете да додадете бадеми или лешници, што ќе ја зголеми протеинската вредност на оброкот.
Коментари
Loading…