in

СлаткоСлатко

Овие луѓе никогаш не треба да пијат кафе

Кафето е одличен начин наутро да добиете дополнителна енергија или да го победите заморот среде работниот ден, а бројни истражувања покажаа дека овој пијалак навистина има многу придобивки за нашето здравје. Утврдено е дека, меѓу другото, го намалува ризикот од рак на простата, помага во одржување на здравјето на срцето и поттикнува слабеење.

 

Но, кај одредени луѓе, кафето всушност може да има повеќе негативни отколку позитивни нуспојави. На пример, може да забележите дека кафето понекогаш ве прави многу вознемирени или нервозни, а во некои случаи може да ве натера да трчате во тоалет повеќе од нормално, велат експертите. Со цел подобро да разбереме дали кафето е добар избор за нас или не, нутриционистите открија кои луѓе треба да избегнуваат или барем да го намалат внесот на кафе за да го зачуваат своето здравје.

Како што пренесува Eat This, луѓето кои би требало да престанат да пијат кафе се оние со синдром на иритабилно (нервозно) црево, глауком, хиперактивен мочен меур, аритмија, проблеми со спиењето (особено несоница), високи нивоа на анксиозност или склоност кон напади на паника, дијареја, епилепсија, како и гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ).

Секоја од овие состојби значително се влошува со консумирањето кафе, а тоа е особено случај со оние хронични болести кои сами по себе се опасни, како што се епилепсијата или неправилното работење на срцето.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote