in

Што?Што? ТаженТажен

Овие намирници се штетни за желудникот, избегнувајте ги

Гастритисот се развива тогаш кога желудникот е воспален или иритиран. Оваа состојба може да биде резултат на бактериска или жолчна акумулација во пределот на стомакот, а исто така се случува како последица на консумирање алкохол, газирани пијалаци или цигари…

Луѓето кои патат од гастритис и болки во желудникот треба да го променат начинот на исхрана, а оваа храна е најлоша за желудникот тврди д-р Мајк Браун.

Намирници кои треба да ги избегнувате:

Газирани пијалаци

Важно е да ги избегнувате газираните пијалаци на база на сода затоа што содата по својот состав е полна со кофеин и киселост што е многу остра за чувствителните органи каков што е желудникот.

Исто така важно е да ги избегнувате и алкохолните пијалаци, особено во моментите кога симптомите се посилни. Едноставно избегнувајте кафе, чаеви и газирани пијалаци поради тоа што гасовите и киселината кои ги содржат во себе можат да ја влошат ситуацијата.

Зачинета храна

Тоа нема да го излекува гастритисот, но ќе помогне во неговата контрола. Избегнувајте зачини како што се чили, мелена пиперка, лут сос и кари затоа што тие се природно тешки за стомакот.

Свеж зеленчук

Избегнувајте свеж зеленчук доколку имате напади на гастритис и јадете храна која лесно се вари за да спречите иритација на желудникот. Многу луѓе кои боледуваат од гастритис доживуваат жарење и болка откако ќе јадат кромид, лук или домат.

Калорична храна

Намирниците полни со масти исто така се на листата непосакувани доколку имате проблем со гастритис. Тука се подразбира пржено или похувано месо, јајца и компири, како и сета друга брза и нездрава храна полна со масти. Избегнувајте исхрана базирана на трансмасни киселини поради тоа што тие го иритираат желудникот, го зголемуваат крвниот притисок, предизвикуваат гојазност и болести на срцето.

Млечни производи

Со дијагнозата на гастритис, вашиот стомак нема способност на совладување на мастите и киселините како што треба. Млекото е богато со масти и течност која е покисела од водата. Според тоа важно е да се ограничи внесувањето на млеко и млечни производи колку што е можно повеќе. Некои млечни производи треба да се исклучат во случај на гастритис, а тоа се сирење, млеко, милк-шејкови, сладоледи, сирни намази и кашкавал.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote