in

Што?Што? ТаженТажен

Овие симптоми никако не ги игнорирајте – како да познаете рак на панкреас

Често, телото ни испраќа сигнали кои е добро да ги слушаме бидејќи може да ни го спасат животот и да овозможат поуспешна терапија.

 

Меѓу нив е и ракот на панкреасот, кој има една од најниските стапки на преживување, така што откривањето на раните знаци е од витално значење за телото.

Панкреасот се наоѓа во пределот на стомакот, што значи дека вообичаените симптоми на болеста може да се забележат кога одите во тоалет. Според британското здружение Акција против рак на панкреасот, има четири знаци во столицата поврзани со рак на панкреасот.

Бледа, смрдлива столица што лебди во водата

Голема, бледа, смрдлива столица што лебди во водата речиси секогаш укажува на заболување на панкреасот. Во столицата има премногу маснотии бидејќи храната не се вари правилно.

Запек или дијареа

Болеста на панкреасот често може да биде придружена со запек (понекогаш придружена со абдоминална болка) и дијареа (водена столица повеќе од три пати на ден).

Запек и дијареа обично не се причина за тревога и траат кратко, но ако промената во движењето на дебелото црево продолжи или трае повеќе од една недела, посетете лекар. Ова не значи дека имате рак на панкреасот, но важно е да се истражи причината и вашиот општ лекар може лесно да ги менаџира вашите симптоми.

Болка или непријатност во стомакот

Абдоминалната болка или непријатност е еден од најчестите и често еден од првите симптоми на рак на панкреасот. Болката или непријатноста може да бидат предизвикани од тумор кој ги зафаќа нервите или органите што лежат во близина на панкреасот и обично се чувствува над папокот и под пределот на дојката (наречен епигастрична област). Сепак, некои пациенти пријавуваат дека имаат болка и непријатност без одредена локација, според Акција против рак на панкреасот.

Пожолтена кожа

Доколку забележите дека кожата ви пожолтела, дефинитивно треба да посетите лекар. Жолтицата сама по себе не е болест, туку симптом кој може да укаже и на заболување на црниот дроб (високо ниво на билирубин), а честа е кај луѓето со рак на панкреасот бидејќи жолчниот канал може да биде блокиран од тумор, а жолтиот пигмент (билирубин) што нормално се излачува се акумулира во телото. Жолтица може да биде безболна, но понекогаш се јавува чешање и чувство на иритација. Вашата кожа исто така може да биде жешка на допир, а непријатноста доведува до потреба од гребење.

Други симптоми на рак на панкреас се:

– блага болка во грбот

– губење на апетит

– бавно варење

– гадење и повраќање

– појава на дијабетес

– замор

– необјаснето губење на тежината.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote