in

СлаткоСлатко

Кои овошја може да ги јадете секој ден?

Можеби изгледа лудо да се даде предност на едно овошје во однос на другите видови, бидејќи редовната потрошувачка на овошје воопшто има навистина многу здравствени придобивки.

Меѓутоа, ако се прашувате кое овошје е најдобриот избор и кое ви обезбедува сите видови хранливи материи во само една порција, одговорот би бил – малини.

Постојат неколку причини зошто малините се најдобро овошје.

Влакна

Малините имаат најголемо количество диетални влакна.

Ако јадете по една чаша малини секој ден, ќе добиете осум грама растителни влакна, што е 32 проценти од дневната вредност што ви треба, пишува Eat This, Not That.

Зошто се важни влакната? Постојат многу причини. Влакната можат да помогнат во исфрлањето на токсините од вашето тело. Тие можат да ви помогнат да останете здрави и да избегнете воспаление во цревата, што подоцна може да резултира со автоимуни болести. И дури може да ви помогне да изгубите вишок килограми.

Витамини

Малините содржат дури 54 проценти од препорачаната доза на витамин Ц Покрај тоа, тие содржат манган, витамин К, железо, магнезиум, фосфор, калиум, бакар, тиамин, калциум, цинк, но и витамини Е, А и Б6.

Антиоксиданси

Малините се исто така неверојатно богати со антиоксиданти, кои, според Healthline, се важни за здравјето на вашите клетки кои се борат против оксидативниот стрес. Високиот оксидативен стрес е поврзан со разни видови на болести, како што се рак, дијабетес и срцеви заболувања.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote